Предупредување од УХМР: Поројни дождови попладне и во ноќните часови
Денес попладне и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни така што локално се очекуваат над 30 l/m2 дожд, информира УХРМ.
– Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде на места се можни локални излевања (со посебно внимание на југоисточните делови и Струмичкиот регион).
И кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на р. Радика, р.Сатеска, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Вардар се очекуваат значително високи водостои, се вели во соопштението.
Исто така, поради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде би се појавиле ваков тип на врнежи.
Предупредување на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски повика на празнење на базените поради…
Мерките за справување со епидемијата на западнонилска…
Ноќна акција на МВР низ цела Македонија:…
Во текот на изминатата ноќ, на територијата…
Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот…
Пожарната состојба во Македонија и понатаму е…
„Пулс“ не бил кабаре, туку диско-клуб, а…
Сите градежни зафати во објектот биле изведени…
АД ЕСМ потпиша договор со косовски KEK…
По интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни…