Пред 13 години почина Доста Димовска
На денешен ден во 2011-та година почина Доста Димовска.
Димовска била родена на 17 февруари 1954 во Скопје. Завршила Филозофски факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Таа е позната поетеса и политичар.
Нејзината политичка кариера почнала во 90-тите години на минатиот век. Димовска била на високи државни и партиски функции. Во 1991 била избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп.
До 1994 била пратеник, а во тој период раководела со парламентарната Комисија за меѓународни односи. Во 1998 година Димовска била избрана за вицепремиер во кабинетот на Љупчо Георгиевски.
Од декември 1999 година до мај 2001 година била министер за внатрешни работи. Во 2002-та година поднела оставка од партиските функции.
На 25 февруари 2002 година била назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напуштила на 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007 година Доста Димовска беше директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Зимското сметање на времето може да влијае…
Преминот кон зимско сметање на времето повторно…
До 16 часот гласале 56,6 проценти од…
На парламентарните избори во Србија до 16…
Адвокат и изборен набљудувач претепан во Белград,…
Адвокат и набљудувач на изборите во Србија,…
Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…
Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…