Преживеаните и семејствата на зaгинатите патници во автобусот на „Беса Транс“ ќе добијат обесштетување

t

Штетата за сообраќајната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ ја понесува осигурителната компанија, која ја има издадено полисата за осигурување, вели Трајче Латиновски, генерален директор на Бирото за национално осигурување.

Според него, во полисата е вклучен и зелениот картон кој е продолжение на полисата за автомобилска одговорност.

-Тука нема дилема дека жртвите ќе бидат обесштетени, односно роднините на загинатите. Се надевам дека нема да има проблеми со тоа, рече Латиновски, информирајќи дека станува збор за осигурителната компанија „Граве“.

Латиновски додава дека обештетување ќе добијат и повредените патници.

-Во моментов не можеме да кажеме колкава ќе биде сумата на обесштетување, зависи колку луѓе ќе се пријават за надомест на штета, рече директорот во гостувањето на емисијата „Трилинг“, објаснувајќи дека се додека не се добие финалниот извештај од истрагата, не може да започне процесот на обесштетување.

На 23 ноември минатата година автобус полн со патници со регистарски таблички на Северна Македонија се запали на автопат во Бугарија. Загинаа 45 лица, а 7 патници успеаа да преживеат.

Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата и според бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈА: Повредени…

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во…

Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи…

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект…

Автобус полн со деца излета од пат…

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн…

(Фото) Голем пожар над Кондово!

Голем пожар гори над Кондово. Пожарот е…

Пожар во Нови Сад: Пожарникарите се борат…

Попладнево на улицата „Фрушкогорска“ во Нови Сад…