Прекинат е железничкиот сообраќај во Србија поради дојава за бомби во возовите и на пругите
Компанијата „Србијавоз“ објави дека сообраќајот на сите патнички возови е прекинат поради анонимна дојава дека во сите возови и на пругите се поставени експлозивни направи.
Во соопштението, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, се наведува дека „Србијавоз“ интензивно соработува со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата.
„Принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите возови со цел да ги заштитиме животите на патниците и на возниот персонал“, соопшти „Србијавоз“.
Дел од српските медиуми пишуваат дека анонимната дојава доаѓа еден ден пред комеморативниот собир во Нови Сад, на кој ќе се одбележи годишнината од смртта на 16-те лица при падот на натстрешницата на железничката станица во тој град.
Истата ситуација се случи и во пресрет на два големи собири во Белград поради падот на натстрешницата – на 15 март и на 28 јуни, кога железничкиот патнички сообраќај беше прекинат поради анонимна дојава за експлозивни направи во возовите и на пругите.
Според последните информации што ги пренесуваат медиумите, не е утврдено кој стои зад тие лажни дојави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Жителите на Нови Сад пречекуваат илјадници…
По 16 дена и изминати повеќе од…
Прекинат е железничкиот сообраќај во Србија поради…
Компанијата „Србијавоз“ објави дека сообраќајот на сите…
Почина поранешниот албански премиер Фатос Нано
На 73-годишна возраст почина поранешниот албански премиер…
Орбан: Европа се движи кон војна
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања…
Хорор во Петровец: Сопруг ја нападнал сопругата…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…