Прекинат е железничкиот сообраќај во Србија поради дојава за бомби во возовите и на пругите

t

Компанијата „Србијавоз“ објави дека сообраќајот на сите патнички возови е прекинат поради анонимна дојава дека во сите возови и на пругите се поставени експлозивни направи.

Во соопштението, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, се наведува дека „Србијавоз“ интензивно соработува со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата.

„Принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите возови со цел да ги заштитиме животите на патниците и на возниот персонал“, соопшти „Србијавоз“.

Дел од српските медиуми пишуваат дека анонимната дојава доаѓа еден ден пред комеморативниот собир во Нови Сад, на кој ќе се одбележи годишнината од смртта на 16-те лица при падот на натстрешницата на железничката станица во тој град.

Истата ситуација се случи и во пресрет на два големи собири во Белград поради падот на натстрешницата – на 15 март и на 28 јуни, кога железничкиот патнички сообраќај беше прекинат поради анонимна дојава за експлозивни направи во возовите и на пругите.

Според последните информации што ги пренесуваат медиумите, не е утврдено кој стои зад тие лажни дојави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Наскоро „Безбеден град“ ќе може да…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

(Видео) Голем пожар во Прилеп, гори депонија…

Голем пожар попладнево изби во кругот на…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска…

Платформата „Студентарија“ очекува Министерството за образование да…