Преку 100 жртви поради топлотниот бран во Индија
Поради екстремните жештини во Индија, каде температурата надминува 50 степени, во последните три и пол месеци повеќе од 100 лица починале, а 40.000 доживеале топлотен удар, соопшти денеска индиското Министерство за здравство.
Во последните недели во делови од главниот град Њу Делхи беше 51 степен Целзиусов. Горештините предизвикаа рекордна потрошувачка на струја со многу прекини на струја, а има и голем недостиг на вода.
Многу места во северна Индија, каде температурите уриваат рекорди, поради жештините се затворени училиштата.
Индија прогласува топлотен бран секогаш кога температурата е над 40 степени Целзиусови во рамнините и 30 степени Целзиусови во ридските предели. Главните летни месеци април, мај и јуни се секогаш жешки во повеќето делови на Индија пред монсунските дождови да донесат пониски температури.
Но, топлината се зголемува во изминатата деценија, обично придружена со сериозен недостиг на вода што погодува десетици милиони од 1,4 милијарди жители на Индија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излета „голф“ на патот Куманово-Свети Николе, тешко…
МВР информира дека вчера наутро околу 08:00…
Млад човек починал откако паднал од познатата…
Маж на 21-годишна возраст денеска починал откако…
Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…
Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…
Гостиварец прободе сограѓанин – доби кривична за…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Малолетничка тепана на Бит Пазар: Снимката заврши…
На 18.11.2026 во 17:10 часот во СВР…