Премиерката на Естонија: Немаме план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната.
„Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, посочи Калас во интервјуто. со Би-Би-Си.
Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.
„Доколку секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи“, посочува Калас.
Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија-Естонија: Визни олеснувања и директни авионски линии…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес во Ереван оствари…
Руски дрон удри во електрана во Естонија!
Руско беспилотно летало погодило оџак на електрана…
Путин паѓа ако ја прекине војната во…
Естонскиот премиер Кристен Михал изјави дека рускиот…
Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на Естонија:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството…
Естонија ја продолжува воената служба на 12…
Естонската влада планира да го продолжи воениот…