ПРЕМИЕРОТ ВО ОХРИД: Ковачевски со Алити, Спасовски и Тупанчевски на литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица

t

Со меѓусебно разбирање и грижа едни за други, да покажеме духовна зрелост и да дадеме заедничка поддршка на мирот и развојот како заедничко добро, порача премиерот Димитар Ковачевски денеска од Охрид при честитањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

Тој заедно со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за правда Никола Тупанчевски и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, присуствуваа на литургијата во црквата Успение на Пресвета Богородица, а потоа и на Градското пристаниште во Охрид.

– По церемонијата на осветувањето на водите на Охридското Езеро и положувањето на светиот крст, премиерот Ковачевски поразговара со присутните граѓани и рече дека е убаво на ваков голем празник да се биде во нашиот древен Охрид, посакаувајки им на нив и на сите граѓани во државата добро здравје, радост, спокој, лична и семејна благосостојба. А, му честиташе и на граѓанинот кој го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа, соопшти владината прес-служба.

Претходно, како што е наведено, во разговор со владиците и со присутните граѓани, премиерот Ковачевски рекол дека симболиката на влегувањето во водите, како потсетување на Исусовото крштевање во реката Јордан е значајна и поради безвременската порака на којашто упатува празникот, дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност.

– А денешниот ден упатува токму на обновата како важен дел во духовниот развој на луѓето и за доброто на општеството, стои во информацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богдановиќ: Македонија ја гледаме во ЕУ, но…

Македонија треба да биде дел од Европската…

Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз…

Претставници во администрацијата на американскиот претседател Доналд…

Сиљановска Давкова ќе присуствува на надзорната расправа…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе присуствува на…

Руте: НАТО е подготвен да ја брани…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

ЕЦБ најверојатно ќе ги зголеми каматите во…

Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги…