Премиерот Ковачевски и бугарскиот премиер Денков се сретнаа во Вилнус

t

Премиерот Димитар Ковачевски и бугарскиот премиер Николај Денков се сретнаа во литванската престолнина Вилнус, на Самитот на НАТО, брифираат владини извори за ТВ24 кои се со Ковачевски во Литванија. Според нив двајцата премиери се запознале и имале краток разговор за идната соработка меѓу Скопје и Софија.

„Разговорот на Ковачевски и Денков траеше околу 15 минути. Фокусот беше на економската соработка, изградба ан коридорот 8, соработка во одбраната, но и европскитеинтеграции и уставните измени “- вели за тв 24 висок владин функционер.

Пред десетина дена, бугарскиот премиер, по телефонскиот разговор со Ковачевски, порача дека очекува Македонија да го промени уставот според договорениот компромис. На официјална страница на бугарската влада стои дека напорите за позитивни билатерални односи ќе станат второстепени, ако не се реши соодветно прашањето за вклучување на Бугарите во македонскиот устав.

Инаку, во Вилнус, покрај шефовите на држави или влади на НАТО членките, е и американскиот претседател Џо Бајден, а учествуваат и лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја и на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во близина на Белата куќа: Четири…

Четири лица се повредени во пукање што…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…