Премиерот Мицкоски оствари средба со српскиот премиер Мацут

t

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја.

Двајцата премиери разговарале за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки.

Мицкоски истакнал дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан. Премиерот Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти кои се во интерес на граѓаните на двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување: Студентската листа води пред Вучиќ

На парламентарните избори во Србија, листата на…

Четири златни и еден сребрен медал за…

Македонската кикбокс репрезентација го заврши настапот на…

Кремљ: Самитот Путин-Трамп-Зеленски е можен само за…

Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот…

Продолжува битката со огнот во Националниот парк…

Следи уште една пеколна и долга ноќ…

Норвешкиот крал Харалд V ќе биде погребан…

Норвешката кралска палата соопшти дека погребот на…