Премиерот Мицкоски со тројца министри на пат за Вашингтон – Самит на НАТО

t

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски заминаа во Америка. Во пресрет на Самитот на НАТО, одбележување на 75 годишнината од формирање на Алијансата, веќе во понеделник се очекуваат и првите активнсоти на македонската делегација. Од владата за ТВ 24 потврдуваат дека на агедндата се повеќе средби со лидери но и и со грчкиот премиер Мицотакис.

„Македонската делегацијата ќе учествува на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно – атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми. Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите и нивните сопружници“, велат од Владата за Телевизија 24 .

Токму можната средба Мицкоски – Мицотакис е во фокусот на вниманието и во домапшна но и во грчката јавност особено што двајцата премиери ја заострија меѓусебната вербална комуникација околу Преспанскиот договор. Според најавите Мицотакис заминува во САД со инцијатива за непопитување на Преспанскиот договро од страна на македонската власт. Од друга страна Мицкоски му возврати дека Преспанскиот договор се почитува и дека не очекува талибанско однесување на НАТО состанокот.

Билатералните прашања да останат надовор од НАТО – порачува Олтон Бјуланд, Генералн директор за Европа и НАТО од Пентагон, во интервју за глас на Америка и вели дека очекува да се почитуваат меѓународните договори.

„Ние продолжуваме да ги охрабруваме земјите да ги направат потребните реформи на тој пат и да се придржуваат до меѓународните договори. Мислам дека кога постои нетрпеливост за тоа што може да биде долг процес на интеграција, тоа може да создаде можности за разочарување, и Русија и другите малигни актери да шират дезинформации и да го искористат незадоволството на народот. Ако има проблеми, билатерални проблеми или договори кои се надвор од контекстот на Алијансата, САД, се разбира, би поддржале дипломатија за надминување и решавање на тие разлики“, изјави Олтон Бјуланд Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон.

Самитот на НАТО е добра можност да покаже единство со нашите сојузници и заложба за унапредување на релациите – порача македонскиот министер за надворешни работи непосредно пред заминувањето во Вашингтон .

„Упатувам благодарност до нашите до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатланската соработка. И понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО сојузник со повеќе од два проценти БДП инвестиции во одбраната, како и со поддршката која ја даваме на Украина“, вели Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Самитот на НАТО според аналитичарите ќе биде важен меѓународен лакмус за новата македонска власт во однос на заложбите за зајакнување на релациите во рамки на НАТО алијансата и продлабочување на агендата за ЕУ интеграциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…