Објавено на:

Премиерот на Гренланд: Сакаме независност од Данска

t

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде рече дека ќе продолжи да се залага за независност од Данска, поранешниот колонизатор на островот, и изрази желба да ја зајакне соработката со другите земји, објави денеска Ројтерс.

Во својот новогодишен говор, Егеде нагласи дека народот на Гренланд треба да одлучи за независноста, но не кажа кога би можело да се одржи гласањето.

– Време е да направиме чекор и да ја обликуваме нашата иднина и во однос на тоа со кого ќе соработуваме тесно и кои ќе ни бидат трговски партнери. Историјата и сегашните услови покажаа дека нашата соработка со Кралството Данска не успеа да создаде целосна рамноправност – рече Егеде.

Тој рече дека е време да се постигне напредок кога станува збор за соработката со другите земји и оти, како што рече, „оковите на колонијализмот“ го отежнуваат тој процес.

Говорот на Егеде доаѓа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неодамна повтори дека Америка треба да го купи арктичкиот остров, а владата во Нуук претходно двапати ги отфрли понудите на републиканците за купување на островот.

Движењето за независност порасна во популарност во Гренланд во последниве години, делумно поради откритијата дека данските власти воделе кампања против раѓањето на островот од 20 век, започната во 1960-тите.

Гренланд беше данска колонија до 1953 година, но сега е самоуправна територија на Данска и во 2009 година доби право да бара независност преку гласање, а во 2023 година владата на Гренланд го претстави првиот нацрт на уставот.

Повеќето од 57.000 жители на Гренланд ја поддржуваат независноста, но постои загриженост за потенцијалното влијание врз животниот стандард, бидејќи островот, иако богат со минерали, нафта и природен гас, останува во голема мера зависен од грантови од Данска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…