Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал
Денеска остварив средба со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.
Разговаравме за унапредување на соработката со Интерпол, за зајакнување на борбата против организираниот криминал, сајбер-криминалот, трговијата со луѓе и сите облици на прекуграничен криминал, како и за понатамошно јакнење на капацитетите на нашите институции.
Македонија останува посветен и доверлив партнер во меѓународните безбедносни напори. Само преку силна координација, размена на информации и заедничко дејствување можеме поефикасно да ги заштитиме граѓаните, да го зачуваме владеењето на правото и да придонесеме кон поголема регионална и глобална безбедност, напиша премиерот на ФБ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…