Премиер лигата ќе дозволи аудиоснимки од разговорите меѓу фудбалерите и судиите
Премиерлигата за првпат оваа сезона ќе дозволи аудиоснимки од разговорите на теренот меѓу фудбалерите и судиите да бидат емитувани во текот на преносите во живо.
Користењето аудиоснимки од страна на носителите на ТВ-правата за Премиерлигата е дел од проширувањето на системот „Рефкам“ (RefCam), кој минатата сезона стана редовен дел од преносите на највисоко ниво, по шестнеделен пробен период на почетокот на сезоната.
Камерите „Рефкам“, поставени на главата на судиите, се користеа за речиси моментални снимки од натпреварите од нов агол, со цел да се подобри искуството на гледачите. Сепак, според договорот со клубовите, аудиоснимките направени со камерите не смееше да се емитуваат сè до неколку дена подоцна.
Како што пишува „Гардијан“, правилата оваа сезона ќе бидат ублажени, па ќе биде дозволена ограничена употреба на аудиоснимките од „Рефкам“ за време на натпреварите во живо. Ќе се емитуваат по еден или два инцидента од секое од 38-те кола во Премиер лигата.
Аудиото нема да се емитува во живо и нема да опфаќа инциденти за кои бил известен ВАР-судијата, бидејќи тоа не е дозволено според правилата на фудбалската игра, утврдени од Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации (IFAB).
Новата аудиопонуда ќе биде достапна како дел од речиси моменталните репризи, додека бројот на телевизиски натпревари со „Рефкам“ ќе се зголеми од 20 на околу 45.
Фудбалот бавно ги прифаќа иновациите во телевизиските преноси што одамна се присутни во други спортови. Интервјуата за време на натпреварите и камерите во соблекувалните одамна се прифатени во крикетот, двата вида рагби, како и во многу американски спортови. Под сè поголем притисок од носителите на ТВ-правата, фудбалот се отвора кон новите технологии и начини на пренесување на натпреварите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…