ПРЕМНОГУ ЗАВИСНИ СМЕ ОД РУСИЈА: Монголски функционер откри зошто Путин не бил уапсен
Монголија е во ситуација на енергетска зависност, што го отежнува апсењето на рускиот претседател Владимир Путин по наредба на Меѓународниот кривичен суд во врска со воените злосторства во Украина, изјави портпаролот на монголската влада.
– Монголија увезува 95 отсто од своите нафтени продукти и повеќе од 20 отсто од електричната енергија од нашите непосредни соседи Русија и Кина. Овие залихи се клучни за нашиот опстанок и егзистенцијата на нашиот народ – изјави владиниот портпарол за Политико.
Тој додаде дека Монголија „отсекогаш следела политика на неутралност во сите свои дипломатски односи“, што се потврдува и со нејзините официјални изјави.
Владиниот портпарол изјави и дека посетата на Путин „соодветствува на историскиот преседан на заедничкото одбележување на годишнината од победата на советските и монголските трупи над Јапонија во битката кај Халкин Гол во 1939 година“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Улан Батор се сретна со неговиот монголски колега, што беше негова прва посета на земја-членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако минатата година издаде налог за негово апсење.
Во пресрет на посетата на Путин на Монголија, Меѓународниот кривичен суд објави дека земјата е обврзана да ги исполни барањата на Меѓународниот кривичен суд.
Фото: AP/Vyacheslav Prokofyev
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На дното кај Сицилија откриен римски брод…
На само неколку километри од брегот на…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е бледа копија на Заев,…
„СДС е во паника, а Венко Филипче…
Сушата го „пржи“ европското земјоделство: Франција воведе…
Сушата оваа година сериозно влијаеше на земјоделството…
Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија…
Нема ништо тајно. Владата има јасна и…
Превозниците од Западен Балкан на координативна средба…
Денеска во Скопје ќе се одржи регионална…