Пренџов: Чудно е што ТВ презентерката Ејупи беше избрана за конзул на затворена седница, што не е пракса за такви oдлуки

t

Пратеникот Љупчо Пренџов, во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, зборувајќи за актуелни теми во земјава, се осврна и кон назначувањето на ТВ презентерката, Бесмира Ејупи, за генерален конзул на Република Македонија во Њујорк. Како што истакна Пренџов, мошне е сомнително што Ејупи била избрана на затворена седница, што не е практика за вакви процедури.

„Има тука чудна работа со која јавноста треба да е запознаена. Кога се носат одлуки за амбасадори, никогаш не била пракса, знам, бидејки сум бил член на влада, седница на влада кога има на дневен ред разно разни конзули, економски аташеа да се носат на затоврена седница на влада. Самиот чин дека е на затворена седница за конзул некаде, ви кажува дека многу“, коментира Пренџов

Пренџов истакна дека јавноста е свесна дека СДСМ и ДУИ не ги почитуваат граѓаните коишто ги гласале или не ги гласале на избори, но во секој случај, како што изјави тој, со оглед на тоа дека тие земаат плата од даноците кои ги плаќаат граѓаните, ова е големо непочитување кон стратешки патнери, држави членки на западниот свет од кои ние и те како добиваме помош.
„Мислам дека треба многу сериозно да пристапиме каде и кого испраќаме. Ја сстварно не сакам да фрлам никаква анатема, но, едноставно, објектовно кога ги гледате работите. ќе видите дека Њујорк е многу сериозна работа“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пукотница во Њујорк осуммина ранети, меѓу…

Најмалку осум лица, меѓу кои и четири…

Се запали Бруклинскиот мост во Њујорк додека…

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк…

Авион се судри со копнено возило „Ла…

Според властите, лет на „Ер Канада“ се…

Авионот со Мадуро слета во воена база…

Авионот во кој беа заробениот венецуелски претседател…

Новиот градоначалник на Њујорк положи заклетва врз…

Според извештајот на „Фокс њуз“, новоизбраниот градоначалник…