Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот во Побожје

t

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, ќе пристигне денеска во 16 часот во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Побожје, на Скопска Црна Гора, информира Скопската епархија на МПЦ-ОА.

Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенство, монаштво и верен народ.

По пристигнувањето ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба со која ќе началствува г.г. Стефан, а присутните ќе имаат можност да се поклонат пред чудотворната икона на Мајката Божја.

FacebookTwitterCopy LinkShare

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од…

По повод одбележувањето 75 години од основањето…

Икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света…

Препис на чудотворната икона на Пресвета Богородица…

Тројца Грци краделе парфеми од продажен објект…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…

Сè уште гужва на границите – се…

Од Авто мото сојузот на Макеодонија информираат…