Преполни клиниките за абортуси во Флорида
Докторката Д. никогаш немала толку многу работа. Клиниката за абортус во Џексонвил, Флорида, е преплавена со пациентки од соседните држави кои воведоа нови ограничувања по историската одлука на Врховниот суд на САД во јуни.
„Порано обично примав по 25 пациентки дневно, а сега гледам околу 45“, вели докторката. „Има толку голем метеж.“.
Таа побарала да не биде именувана поради понекогаш насилното противење на работата што ја работи – многу докртори кои вршат абортуси добиле смртни закани. Додека Флорида го ограничи абортусот, кој сега може да се врши до 15-та недела од бременоста, а претходно до 24-та недела, законите на државата сè уште се меѓу најлибералните во југоисточниот дел на САД.
Другите републикански држави во областа, вклучувајќи ги Луизијана, Мисисипи, Алабама и Џорџија, речиси целосно ги забранија абортусите или го ограничија правото на првите шест недели од бременоста, искористувајќи го неверојатниот пресврт на правата за абортус на национално ниво од страна на Врховниот суд.
Оттогаш, многу жени патувале во Флорида во клиниките како онаа на Др. Ди, која што е во сопственост на Planned Parenthood, најголемиот американски снабдувач на репродуктивни услуги. „Сега сме на тешко место“, рече Лаура Гудхју, извршен директор на филијалите на Planned Parenthood во Флорида. „Јас би го нарекла итен случај на јавното здравство.“
Клиниките во Флорида ги отворија вратите за време на викендите со 12-часовно работно време во некои клиники, за да се справат со приливот на пациентки, повеќето од Џорџија, Алабама или Тексас.
Организацијата бара да вработат дополнителни девет лекари, од кои некои доаѓаат неколку дена во неделата од соседните држави каде што повеќе не можат да работат, рече Гудхју.
Превод: Канал 5
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба Орбан-Трамп денеска во Флорида
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска на…
На Флорида прогласена вонредна состојба поради поплави
На повеќе места на Флорида е прогласена…
Аризона ги забрани речиси сите абортуси
Врховниот суд во Аризона денеска го оживеа…
(Фото) Едно лице загина по пад на…
Канцеларијата на шерифот на округот Полк соопшти…
Државата Флорида со смртна казна за педофилијата
Законот за смртна казна во Државата Флорида…