Објавено на:

Флорида прогласи вонредна состојба во 35 окрузи поради заканата од тропската бура Милтон

t

Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, прогласи вонредна состојба во 35 окрузи на оваа американска сојузна држава поради заканата од тропската бура Милтон.

Флорида е се уште е во шок по минувањето на моќниот ураган Хелена, што неодамна во неа остави 14 мртви.

„Ќе продолжиме да ги мобилизираме државните ресурси за да се подготвиме за ефективни операции за пребарување и спасување, да ја вратиме електричната енергија и да ги расчистиме патиштата“, напиша републиканскиот гувернер.

Тропската бура Милтон, која моментално се движи во западниот Мексикански Залив, се очекува „да се трансформира во голем ураган додека се движи кон Флорида до средината на следната недела“, соопшти на интернет Националната метеоролошка служба NWS.

Првичните прогнози сугерираат дека Милтон најверојатно ќе ја премине Флорида пред да стигне до Атлантскиот Океан, при што Националниот центар за урагани (NHC) предупредува за „потенцијално опасни по живот ефекти за делови од западниот брег на Флорида во вторник или среда“.

Милтон, според неговиот пат предвиден од Националниот центра за урагани, може да ја поштеди американската внатрешност, како што е Северна Каролина, каде ураганот Хелен предизвика сериозна штета, особено предизвикувајќи поплави.

Хелен уби најмалку 220 луѓе во југоисточниот дел на САД, вклучувајќи и 14 во Флорида, соопштија западните агенции, повикувајќи се на податоци од локалните власти.

Научниците се почесто наведуваат дека со затоплувањето на морињата и океанските води климатските промени ја зголемуваат веројатноста за брзо засилување на бурите и го зголемуваат ризикот од создавање помоќни урагани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Флорида изврши две смртни казни, првпат по…

Американската сојузна држава Флорида изврши две смртни…

(Видео) Огромен пожар во Флорида!

Пожарите западно од Мајами сега изгореа речиси…

Флорида го тужи ChatGPT: Обвинет е за…

Сојузната држава Флорида стана првата американска држава…

(Видео) Експлодираше ракетата на Џеф Безос за…

Ракетата „Њу Глен“ на „Блу Ориџин“ експлодираше…

Двојно убиство на Универзитетот на Јужна Флорида:…

Поранешен студент на Универзитетот на Јужна Флорида…