Препораките за заштита од болести по наездата на стаорци не се доволни – епидемиолозите предупредуваат на системски распад
„Системски распад“ на кој сведочиме со недели. И како епидемиолог не можам да не поставам и епидемиолошка дијагноза дека имаме заболување на целиот институционален систем, вели професор Даниловски.
Во однос на мерките кои во текот на вчерашниот ден ги соопшти Институтот за јавно здравје смета дека се точни и неопходни, но тие не се доволни во ваква ситуација во која главниот град е преплавен со отпад и демне опасност од различни болести.
„Зошто не се доволни, затоа што сите тие практично се занимаваат со последиците, а не со причините. Значи никаде не е спомнато дека треба да се воспостави систем, организиран, интегриран во кој ќе се знае чии се надлежностите , кој го собира ѓубрето, кој командува, кој е одговорен за тоа која е финансиската одрживост на целата таа работа и тогаш би биле тие мерки комплетни“ – изјави епидемиологот, д-р Драган Даниловски
Да се подигне свеста за личната и колективната хигиена, дезинфекција на раце, внимателно ракување, селектирање, собирање и фрлање на отпадот, совесно отстранување на истиот, заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот се дел од препораките до населението кое ги упати Институтот за јавно здравје.
Во однос на мерките тие се непосредни, брзи и акутни. Меѓу нив се итна мобилизација за собирање и отстранување на најголемите купишта на отпад во населени места, при што приоритет имаат болниците, домовите за стари лица, во и околу училиштата, парковите и игралиштата. Во меѓувреме дел од општините самоиницијативно прават напори за решавање на проблемот со отпадот, сепак според познавачите тоа е само делумно решавање, но не и трајно решение на проблемот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…