Објавено на:

Престрелка среде Солун- тројца од возило во движење изрешетале Грузиец

t

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.

Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште.

Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов.

Сè се случило пред бројни сведоци.

На терен се голем број полицајци, а овој дел од градот е блокиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе почина во охридската болница, било донесено…

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во…

Градежни работници го пронашле колегата починат

Градежни работници, кои извршувале градежни работи на…

30 дена притвор за осомничениот за двојното…

Расчистено е двојното убиство во Стајковци, кога…

Бидете внимателни! Невреме со крупен град од…

Под влијание на циклон од западна Европа,…

Петмина повредени во сообраќајка на патот Кичево…

Пет лица, меѓу кои двајца малолетници се…