Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

t

На територијата на Скопје, вчера и денеска, полицијата извршила претреси во домови на две лица каде бил пронајден амфетамин.

Во првиот случај бил претресен домот на 34-годишник од Волково, кој претходно бил приведен по направен претрес во центарот на Скопје бидејќи кај него полицијата пронашла амфетамин, дигитална вага и нож. При претресот на неговиот дом, полицијата повторно пронашла амфетамин и вага.

Во вториот случај, пак, во општина Гази Баба полицијата направила претрес на 40-годишен маж и пронашла и одземала амфетамин, нож и дигитална вага

Од МВР велат дека лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи: Го повикувам народот да остане мирен…

Поранешниопт претседател на Косово, Хашим Тачи, преку…

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Пронајден и приведен бегалец од затворот „Идризово“

Денеска (18.09.2026) во 09:15 часот, полициски службеници…

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за…

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами,…

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 1000 ЕВРА ВО ЦРНА…

Од јануари следната година сите плати во…