Претреси во Тетово и Охрид, пронајдени 99 женски лица од неколку држави, дрога и оружје!

t

На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид.

При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле  затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р. Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо” калибар 4,5 мм.
Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости. Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Македонија, а пронајден е и пиштол, додека легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х.А.(34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот.

Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…