Претреси низ Скопје и Тетово, приведени се 19 луѓе
Вкупно 19 луѓе биле приведени во текот на изминатото деноноќие во Скопје и Тетово, откако при полициски прегледи кај нив биле пронајдени различни видови наркотични средства. Меѓу одземените материи има марихуана, бела и кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја, метадон и таблети.
Во текот на 2 и 3 октомври, полициски службеници на повеќе локации во Скопје лишиле од слобода 17 луѓе, поради пронајдена дрога при извршени прегледи.
Од СВР Скопје информираат дека биле приведени Д.Т. (26), Ф.Д. (33), А.Б. (24), Е.Л. (20), Р.М. (25), Н.С. (36), М.А. (23), С.Т. (35), И.Б. (33), М.М. (48), Е.А. (35), 21-годишната Е.Б. и 32-годишната А.Г., двете од Скопје.
Во истата акција биле лишени од слобода и Д.В. (29) од Крива Паланка, А.Ѓ. (24) од кривопаланечко, М.Р. (26) од кумановско и А.П. (28) од кичевско.
При прегледите кај нивполицијата пронашла и одзела различни материи за кои постои сомнение дека станува збор за наркотични средства.
Околу полноќ, на улицата „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 20-годишниот А.А. од село Непроштено. При прегледот кај него била пронајдена кесичка со бела прашкаста материја.
Само пет минути подоцна, околу 23:40 часот, полицијата интервенирала и во селото Палатица, во близина на бензинска пумпа.
Таму биле лишени од слобода В.М. (22) од село Требош и Е.К. (24) од село Палатица. Двајцата се превезувале со патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. При прегледот кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…
Поднесена кривична пријава против охриѓанец за детска…
При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер…