Претрес во домот на Иџет Мемети, член на Советот на обвинители

t

Синоќа по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители. Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор .

Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.

Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При претрес во гостиварско пронајдена дрога

На 22.05.2026 во 10:40 часот, полициски службеници…

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…

На 13.05.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…

Уапсен скопјанец, полицијата му нашла нож и…

Вчера во 20:00 часот на подрачјето на…

Пронајдена дрога при претрес во Куманово

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од…

Претрес во Кавадарци, лишено од слобода едно…

На 18.02.2026 во 07:15 часот полициски службеници…