Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
Четири лица се лишени од слобода во Куманово откако при претрес во домот на 45-годишен кумановец била пронајдена бела грутчеста материја, соопшти денеска МВР.
-Денеска во 00:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.С.(45) од Куманово, Т.К.(45) од село Романовце, Н.А.(39) од Куманово и М.К.(39) од село Биљановце- наведува МВР.
При претресот во домот на Р.С., извршен со судска наредба, биле затекнати и останатите три лица, а биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети. Четворицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…
Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…
Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…
70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…
Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…
ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…