Објавено на:

Претрес во Скопје, турски државјанин организирал он лајн игри на среќа, пронајдена е дрога

t

На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…

Тинејџер на возраст од 19 години вчера…

Брутално претепана малолетна девојка, партнерот ја удрил…

Малолетна девојка била физички нападната во централното…

ХАОС ВО КАЗИНО во Кисела Вода: Кршеле…

Две лица предизвикале инцидент во казино на…

83-годишен маж загина во пожар во куќа…

83-годишен маж загинал во пожар што утрово…