Претрес: Пронајдена дрога, приведени две лица!

t

На 26.01.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Р.А. (38) од Радовиш, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Н.Б.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле претрес во домот на Н.Б., при што била пронајдена марихуана, дигитална вага, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Н.Б. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. За настаните известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…