Претседавањето со ОБСЕ ќе ја чини Македонија 5 милиони евра: Ќе позајмуваме ВИП возила од соседните земји оти немаме наши

t

Претседавањето со ОБСЕ ќе ја чини Македонија околу 5 милиони евра, информираше шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, но сепак, според него, придобивките што ќе ги има земјава се многу поголеми. Најголем трошок ќе биде Министерскиот состанок кој треба да се одржи кон крајот на годинава а на кој, меѓу другите ќе учествуваат и САД и Русија. За промоција на претседавањето со ОБСЕ, МНР ангажираше и агенција за која ќе се потрошат 100 илјади евра. Дали во услови на криза за ова не можеше да се ангажираат вработените и во МНР и во Влада?

-Шест милиони денари е набавката, агенцијата е Рејтинг и се одлучивме заради тоа што немаат таков кадар во министерството во однос на дизајнери. Во еден час треба да слетуваат 70 министри за надворешни работи. Сето тоа треба да се обезбеди со возила. Ние немаме толку ВИП возила за 70 високи претставници и тоа работиме како да ги најдеме некаде во регионот да ги позајмиме-рече Османи.

Приоритетите на нашето претседавање, рече Османи ќе биде зајакнување на мисиите, посветеност кон таканаречените замрзнати конфликти, како и владеење на правото и борба против корупцијата. Особена важност ќе биде посветена на воената агресија на Русија врз Украина. Како ќе се одвива комуникацијата со официјална Москва?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…