Претседателот на градска на ГРОМ: Граѓаните гласаа за програмата на Јакимовски, а не за личните хирови и бизнис интереси на Христијан Мицкоски
Вчера градоначалникот на општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски ја потресе македонската политичка сцена откако после долги години се одлучи да ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и да настапува сам на политичката сцена.
Ова беше протолкувано како голем удар за опозициската ВМРО-ДПМНЕ која го загуби својот најголем коалиционен партнер.
Според градоначалникот Јакимовски односите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се лоши подолг период, но она што ја прелило чашата се обидите на Мицкоски да ја контролира работата на општина иако како што вели Јакимовски токму тој ја доби довербата на карпошани да раководи со општината.
Покрај мешањето во работата на општината, Јакимовски откриј и други скандалозни детали за закани, уцени, притисоци и рекет од страна партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
Во гостувањето во емисијата „Тешки Муабети“ тој ги наброја и погрешните политички потези на опозицијата изминатиот период кои доведоа до втор мандат на СДСМ како централна власт во Република Македонија.
Она што ги интересира граѓаните е како тоа партијата понатаму ќе постапува во останатите општини со своите пратеници, но и во парламентот.
Јакимовски истакна дека неговата партија иако имала понуди нема да партиципира во централната власт и останува опозициска партија која ќе работи во интерес на граѓаните.
На оваа тема поразговаравме и со претседателот на градската организација на ГРОМ во Скопје, портпарол на партијата, но и советник во Град Скопје, Александар Трајановски.
Во однос на раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на Хриситјан Мицкоски, Трајановски напоменува дека причините се веќе добро познати за јавноста и дека токму Мицкоски е виновен за состојбата која резултираше со случувањата во текот на вчерашнито ден.
-Како што напомена претседателот на ГРОМ во изминатиот период имавме огромни опструкции за работата на општина Карпош, опструкции кои кулминираа со закани, уцени и притисоци кон раководството на партијата, но и нејзините членови. Граѓаните на Карпош гласаа за програмата на Стевче Јакимовски, а не за личните хирови и бизнис интересите на Христијан Мицкоски. Да не говориме за погрешните потези кои опозицијата ја чинеа гласови, а граѓаните продолжување на агонијата со Влада која не покажа дека работи во нивен интерес. Сите легитимни причини и повод за раскин на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ ни беа дадени од нивна страна, вели Трајановски.
Трајановски напоменува уште еднаш дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице, а ова е сериозно предупредување за граѓаните како тоа опозицијата би постапувала доколку ја превземе централната власт.
-Ниту го испочитуваа коалицискиот договор, ниту ги испочитуваа сите оние поддржувачи и членови на ГРОМ кои со години трпеа огромни притисоци. Со притисоците заканите и уцените само го покажа вистинското лице и намерите на ова раководство на ВМРО ДПМНЕ, покажаа што можат да очекуваат граѓаните доколку ја превземат власта на централно ниво, вели Трајановски.
Инфомакс го запраша Трајановски како ќе делува во Советот на Град Скопје?
-Што се однесува до работата во Советот на Град Скопје, не гледам причина да ја опструирам работата на градоначалничката. Она што ни е зацртано во програмата со која заедно ја добивме довербата од скопјани ќе го поддржам како и се она што е од интерес на граѓаните на Скопје. Мене ме бираа граѓаните, тие ми ја дадоа оваа чест, но и огромна одговорност да ги претставува во Советот. Сметам дека ние како политичари имаме одговорност единствено пред граѓаните и програмата која сме ја создавале со нив, вели Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Имаме 50 пациенти со западнонилска треска,…
За три лица се чека потврда дали…
Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…
Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…
Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…
Во Македонија до 13 часот денеска се…
Цените на нафтата паѓаат трет ден по…
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…
Секое десетто дете во Македонија било жртва…
Едно од десет деца (10% од децата)…