Претседателот на Зимбабве со критики од јавноста откако си ги поставил синот и внукот за министри
Новоизбраниот претседател на Зимбабве Емерсон Мнангагва се соочува со жестоки критики на јавноста откако си го поставил синот за заменик министер за финансии.
Неговиот син 34 годишниот Давид Мнангагва беше помеѓу 26 функционери кои во вторникот положија заклетва и покрај огромното незадоволство на јавноста откако листата со новите функционери во владата стана јавно достапна во понеделникот.
Во владиниот проширен кабинет, неговиот син Давид ќе биде нов заменик министер за финансии, додека неговиот внук, Тонгај, ќе служи како заменик министер за туризам.
Јавноста во Зимбабве го обвини претседателот дека ја води сиромашната држава на југот на Африка како „семеен бизнис“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Давеник и за сламка се фаќа… Откако…
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кого…
Путин со честитка за Денот на Африка
Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на…
(Видео) Пивоваров: Криминалот нема ни вера ни…
Криминалот нема ни вера ни етничка припадност,…
Во Африка како на Шапка: Наврнаа два…
Обилните снежни врнежи ги затворија патиштата во…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…