Објавено на:

Претседателот на Индонезија и претседавач со Г-20 во мировна мисија во Украина и Русија

t

Индонезискиот претседател Јоко Видодо денеска ја започна посетата на Украина со намера да го охрабри продолжувањето на мировните преговори меѓу Русија и Украина и да најде начин да се ослободи житариците за извоз на светските пазари.

Претседателот Видодо и неговата сопруга пристигнаа со воз во украинскиот главен град Киев, објави официјалната веб-страница на индонезискиот претседател.

Видодо е претседавач на Г20 и еден од шесте светски лидери номинирани од Обединетите нации за „шампиони“ на Групата за глобален одговор на кризи (ГЦРГ), формирана за справување со заканата од глад и сиромаштија предизвикани од војната во Украина.

Тој рече дека е посветен на решавање на проблемите поврзани со зголемувањето на цените на храната и енергенсите, предизвикани од конфликтот во Украина кој доведе до недостиг на храна и енергија, што пак донесе инфлација во многу земји.

Пред војната, Украина беше еден од најголемите добавувачи на пченица во Индонезија.

Предвидено е шефот на индонезиската држава да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред да отпатува за Русија на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Индонезискиот лидер рече дека ќе се обиде да го убеди Путин да се согласи на прекин на огнот. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…