Претседателот на Интегра му одговори на Мицкоски: Платеник и популист си ти Мицкоски, за 30 сребреници ја предадовте татковината во 2019 година, со години го одржувате на власт СДС
Платеник и популист си ти Мицкоски, за 30 сребреници ја предадовте татковината во 2019 година, со години го одржувате на власт СДС и му го чувате грбот поради пусти уцени, се спремате и сега да го предадете македонскиот народ, тоа е јасно како ден, го легитимирате Ванчо Михајлов крвникот на Македонците како ваше легално историско наследство, а со тоа и неговата антимакедонска ванчимихајловистичка идеологија и вие криминалците кои го ‘одравте’ народот од крадење и со ред станавте милионери, вие ли најдовте да зборувате за Македонија?
Ќе видите денес на собирот со кого е народот, наместо да работите на сплотување и обединување на семакедонско, вие
упорно додавате раздори, делби и роварење внатре во македонското национално ткиво.
Новиот трет пат е револт на вашите криминогени и предавнички будалаштини, на вашата анационална ‘Македонија на сите луѓе’, наместо ‘Македонија на Македонците’, на вашата уценетост и поданички однос кон Калето и глобалистичките центри на моќ, на вашето танго со ѓаволот со СДС и ДУИ…за вас Ахмети беше искусен политичар од кого треба да учите, а Борисов вашиот патрон пред кого коленичевте во Софија. Вие ли ќе зборувате за македонштината?
Преполовени на следните избори ќе бидете вие од ДРПНЕ, токму поради таа ваша предавничка агенда во континуитет.
Половина од 32 години сте на власт и дерман не виде мојот народ од вас, прво избугарениот Љубчо Георгиевски милионерот ќе ја делеше територијата на Македонија, па потоа вашиот бегалец од Будимпешта се пресметуваше со својот народ, го заплашуваше, ништеше секој нов творечки центар на моќ меѓу Македонците и билдаше мускули врз својот народ како под ропство, зацрни фамилии и бизниси, а товари со неговите 40 разбојници милијарди арач…и вие ќе зборувате за иднината на Македонскиот народ?
Нови времиња доаѓаат, нови демократски ветрови дуваат, новото се намирисува во воздухот. Оттаму доаѓа стравот кај ‘двете крилја на орелот ДУИ – СДС и ДРПНЕ’, нема повеќе високо летање со грабеж во рацете, дотука беше.
Ако гласа македонскиот народ на следните избори за СДС или ДРПНЕ, да си знае дека самиот високо ќе го лета орелот на ДУИ.
Гласаме ли сите за новиот трет ПРОМАКЕДОНСКИ пат, гласаме за својата СЛОБОДА И ИДНИНА за нас и нашето потомство.
Ќе ја препородиме Македонија. Ние во ИНТЕГРА, имаме и сила и знаење и умеење, но најважно и МОТИВ И ВИСОКА ЦЕЛ: БОГАТА И ПРОСПЕРИТЕТНА МАКЕДОНИЈА, БОГАТ И ПРОСПЕРИТЕТЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД – СВОЈ НА СВОЕТО ВО СВОЈА ТАТКОВИНА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…
Новата рунда разговори за мир во Украина…
Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…
БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…