Претседателот на Република Српска санкциите од САД ги ,,прослави” со – хамбургер!

t

Додека САД го санкционираа претседателот на Република Српска Мирослав Додик и неговите деца Горица и Игор, Додик јадеше хамбургер со помфрит во новоотворената железничка станица во Белград заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, српската премиерка и министерот Синиша Мали.

Според зборовите на Вучиќ, Додик го информирал за „последниот притисок од западните сили“.

„Останав да разговарам со моите пријатели. Ана оди на дискусија за Косово во ОН, претседателот Додик ме информираше за последните настани во Република Српска и притисокот од западните сили, ги информирав сите за утрешната средба со земјите од големата Петорка(Квинтата), а Синиша Мали најмногу се грижи како да ја плати сметката за хамбургерите. Додуша, му додадовме и крофни и колачи, само сметката да не му биде мала“, напиша претседателот на Србија.

Денеска американското министерство воведе нови санкции против Додик. Во образложението, министерството наведува дека санкциите се воведени против „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“ и други поединци и субјекти кои се поврзани со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…