Објавено на:

Претседателот на руската Дума: Санкции секако ќе има ама нас тоа не не’ плаши

t

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин изјави дека Русија сигурно ќе се соочи со нови санкции од Западот, но дека овие мерки повеќе не плашат никого во Русија.


„Санкциите не не плашат бидејќи осум години живееме во такви услови. Да, тие мерки ни создаваат проблеми, подобро е да соработуваме и да развиваме односи отколку да бидеме во конфликт. Но, тие мерки не беа наш избор“, рече тој.

Володин рече и дека санкциите ќе бидат воведени без оглед на тоа што прави Русија – Вашингтон и Брисел секогаш ќе смислуваат нешто за што ќе ја обвинат Москва.


Зборувајќи за кризата во југоисточна Украина, Володин рече дека наместо Западот да се грижи за животите на луѓето, тие се обидуваат да го оправдаат однесувањето на Киев со повторување на истите закани кон Русија.


„Наместо да се грижат за животите на луѓето, западните политичари се обидуваат на секој начин да го оправдаат однесувањето на Киев со повторување на истата мантра – доколку Русија ги заштити своите сонародници кои живеат во самопрогласените републики во Донбас, ќе воведеме санкции од невидени размери“, вели Володин на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…

Во рудниците за бакар се потребни нови…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…