Претседателот на Совет на Аеродром зема пари од Гази Баба: До кога ќе ги полните партиските пулени со општински пари?
Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, зема месечен надоместок од соседната Општина Гази Баба. Во Гази Баба исто како и Аеродром на власт е ВМРО-ДПМНЕ со градоначалник, претседател на Совет и мнозинство во Советите, реагираат од политичката партија Левица.

– Дејан Митевски е поранешен раководител на Одделот за јавно наддавање при Министерството за транспорт и врски под капа на Миле Јанакиевски. Дејан Митевски заедно со екс министерот Миле Јанакиевски и останати лица од министерството беа осомничени во случајот „Шпански скали“ за незаконска продажба на парцели пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје. Проценката беше дека државата била оштетена над 2,5 милиони евра.
Дали ова е доказ дека старите тактики на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не се искоренети? Влечење на општински пари и префрлање на членови кои котираат високо во партиските кругови е правилно менаџирање со општината?
Бараме изјаснување од градоначалникот Бобан Стефковски и Општина Гази Баба за распределувањето на овие средства. До кога ќе ги полните партиските пулени на ВМРО-ДПМНЕ со општински средства? Зарем е соодветно и етички тоа да биде претседател на Совет од соседна општина која исто така е раководена од ВМРО-ДПМНЕ? Народот заслужува одговори. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…