Претседателот Пендаровски го посети Уставниот суд на покана на Кацарска

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Уставниот суд на Република Македонија на покана на претседателката на судот, Добрила Кацарска.

За време на посетата, на која присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на Уставниот суд и предизвиците во неговата работа.

Претседателката на судот посочи на проблемите со кадровската неекипираност, а исто така ги претстави техничките услови за работа на судот и потребата за нивно подобрување.

На средбата беа пренесени и неколку иницијативи во однос на исполнувањето на надлежностите на судот, вклучувајќи ја можноста за воведување на уставна тужба со проширување на надлежностите на Уставниот суд.

Пендаровски ја истакна потребата за скорешно надминување на предизвиците во работата на Уставниот суд, посочувајќи дека во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…