Претставничката на ОН во Украина: Украинските сили вршат тортура врз заробени руски војници
Додека украинските војници заробени за време на руската специјална воена операција имаат хуман третман, кога припадниците на украинските вооружени сили, а особено нацистичките баталјони, заробуваат руски војници, тие вршат невидени ѕверства врз нив, велат руските медиуми по изјавата на претставничката на ОН за човекови права во Украина.
Руските војници минуваат низ вистински пекол во заробеништво.
Претставничката на ОН за човекови права во Украина, Матилда Богнер, изјави дека организацијата има „веродостојни информации“ дека украинските вооружени сили ги мачат руските војници, ги принудуваат да даваат различни видео изјави, ги затвораат и спречуваат каков било контакт со надворешниот свет. Богнер ги повика Киев и Москва брзо и ефикасно да ги истражат злосторствата извршени врз руските воени заробеници.
На 28 март, Истражниот комитет на Русија почна да ги истражува извештаите за вознемирување на руски затвореници од страна на украинската армија.
Рускиот адвокат Јанис Јукша истакнува дека сторителите на злосторствата врз руските војници порано или подоцна ќе се соочат со жестока казна. Според него, има повеќе од доволно собрани докази против нацистичките баталјони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…