Претходница на возило што криумчарело мигранти бегајќи од полиција скршило наплатна рампа и завршило во ендек

t

На 12 ноември, околу 05.30 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Р.М.(47) и П.Ј.(51), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека со возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки биле претходница на патничко возило „рено меган“ со кумановски регистарски ознаки, во кое околу 01.30 часот биле пронајдени мигранти.

Имено, околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото „рено меган“, но возилото продолжило со движење, скршило рампа на наплатата станица Смоквица, по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во мигрантски камп кај Сараево

Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа…

Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со…

Три девојчиња, неофицијално сестри на возраст од…

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица…

Денес рано наутро полицијата спречи нелегална трговија…

Автомобил полн со мигранти од Кина удрил…

Полицијата во недела привела триесет и петгодишен…

Скопјанец фатен како криумчари мигранти

На 26.02.2024 во 21.15 часот на улица…