Прецртани албанските имиња на новите табли низ Косово
На таблите со двојазични имиња на српски места на северот на Косово, кои вчера беа поставени со асистенција на косовската полиција, во ноќта меѓу четвртокот и петокот, имињата на албански јазик беа пречкртани со црн и црвен спреј, а останале само натписите на српски јазик. Како што дознаваат нашите новинари на терен, на таблите биле пречкртани натписите на албански јазик, а останале само оние напишани на латиница на српски јазик.
Во текот на вчерашниот ден, со асистенција на косовската полиција, работници ангажирани од Министерството за инфраструктура почнаа да ги отстрануваат таблите на кирилица и да поставуваат нови – на албански и српски јазик, но на латиница. Српска листа и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, вчера реагираа на отстранувањето на кирилските букви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…