Приватизација на културното наследство е закана за идентитетот
Во очи на светскиот ден за заштита на културното наследство, 18 април, министерот за култура Зоран Љутков изјави дека планот на владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ е да го приватизира културното наследство, што ќе рече да даде на приватниот капитал да ни ја раскажува историјата, да ни го обликува идентитетот. Зборовите на Љутков на дело беа покажани уште наредниот ден кога во јавноста одекна дека Општина Штип го продала хотелот „Гарни“, заштитен споменик од прва категорија, за 250.000 евра на фирмата „Памвеј инвест“, откако претходно и бил понуден на државата, а државата се откажала.
Љутков наговести измени во Законот за заштита на културно наследство со кои ќе се овозможи владините институции да го префрлат управувањето, а со тоа и економската експлоатација на културното наследство на приватни бизниси. Или, како што истакна „решението за тридеценискито неефикасно претставување на културното наследство е да се дозволи приватни фирми од него да прават бизнис“. Со ваквите измени она што е по дефиниција заедничко и заштитено јавно добро ќе го претворат во производ од кој ќар ќе имаат мала група бизнисмени и олигаси, а културните добра ќе станат уште понедостапни за народот.
Левица бара Љутков и ДПМНЕ да не си играат со културното наследство заради задоволување нечии апетити. Наместо приватизација, треба да се вложуваат ресурси во заштита, дигитализација и промоција на културното наследство преку јавни политики, соработка со експерти и вклучување на заедниците. Алтернативи како јавно-приватни партнерства со строго дефинирани услови може да бидат компромисно решение, но секогаш под надзор на релевантни институции.
Културното наследство не смее да се третира како пазарна стока. Неговата вредност не е економска, туку цивилизациска. Приватизацијата, во својата суштина, претставува закана за идентитетот, колективната меморија и културната автономија на едно општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ најави оставка, ќе се спрема за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека по…
Собраниската комисија даде „зелено светло“ за Законот…
Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна…
Тетовка си го претепала четиригодишното дете: Ќе…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38)…
Во Шуто Оризари изгореле над 20 дуќани…
Над 20 дуќани биле опожарени во пожар…
Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на…
Италијанската влада донесе декрет со кој предвидува…