Приватизација на ХЕЦ Тиквеш е национално предавство!
Приватизација на ХЕЦ Тиквеш е национално предавство, реагираат од политичката партија Левица на Фејсбук нагласувајќи дека ова е директно онеспособување на иднината на македонскиот енергетски сектор.
– Владата молчи за позадинскиот процес на заносниот бизнис за подарување на ХЕЦ Тиквеш на идниот концесионер на ХЕ Чебрен и Галиште – ова отуѓување на државните капацитети е еднакво на национално предавство и се однесува на директно онеспособување на иднината на македонскиот енергетски сектор.
– Овој каскаден хидроенергетски комплекс не смее да биде даден на стопанисување на концесионер, како целосно така и делумно!
Владата во 2020 година донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, во рамките на проект од програмата Good Governance Fund (GGF) финансиран од Владата на Обединетото Кралство. Од усвоениот документ и добиените пари досега немаме ништо, и тоа е воочливо по неколку индикатори.
Имајќи ги во предвид јавно достапните податоци за јавни набавки спроведени од државните институции од енергетскиот сектор во изминативе две години, најголем дел од парите на граѓаните се трошат на
Одржување на сѐ што е изградено во социјализмот, во недостиг на нова енергетска инфраструктура,
Плати за партиските војници, и
Бесконечното копање на нискокалоричен јаглен од страна на компании на олигарсите.
Во овој моментот има и лицитација за продажба на кинески полукокс од стечаецот Југохром, и тој што ќе го купи, понатаму нам ќе ни го продава за трипати повисока цена. – реагираат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…