Приведена тинејџерска банда во Карпош
На подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, соопштија денеска од МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, најавија од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…
Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…
Пример за многу други: Хориха во првиот…
Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…