Приведени двајца бегалци од затвор
Денеска полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
Исто така, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(40) од село Зрновци, општина Зрновци, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ш. е осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…