Приведени двајца прилепчани, возеле пијани
Полицијата привела двајца прилепчани кои за време на празникот возеле пијани со повеќе од три пати од дозволеното алкохол во крвта. Едниот од нив се расправал со полициските службеници и ги омаловажувал, стои во полицискиот билтен:
„На 02.08.2026 во 23:58 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Т. (53) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „мазда” сo прилепски регистарски ознаки управувано од Д.Т. при што констатирано било дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.56 промили алкохол во крвта, а притоа ги омаловажувал и полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.08.2026 во 13:00 часот на ул. „5та Прилепска Бригада” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Ч. (62) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „матиз” со прилепски регистарски ознаки управувано од З.Ч.при што констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,66 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок,” соопштуваат од СВР Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…
Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…
Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…
Жена вчера украла козметички производи од аптека…
Жена вознемирувана во приватна здравствена установа, маж…
На 02.11.2026 во 20:40 часот во СВР…
Наставничка натепала ученик во училиште во Тетово
Наставничка нападнала ученик во основно училиште во…
Мајка ќе одговара за „одземање на дете“,…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37)…