Приведени дрвокрадци во Тетово и Гостивар
Вчера во 19 часот и 30 минути, во тетовска Волковија, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Ј.(49) од Гостивар и Ј.С.(63) од ова село, кои со два трактори со приколки пренесувале дабово огревно дрво без потребните документи, откако претходно биле затекнати во атарот на селото.На двете лица одземени им се тракторите „имт”, две моторни пили и дрвата, задржани се во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (8 септември), во 16 часот и 15 минути и 19 часот, ги лишиле од слобода Ш.Х.(48), И.Д.(27), Ј.Д.(38) и Н.Д.(30), сите од гостиварско Чегране, кои биле затекнати на локалниот пат во селото, во месноста „Јолов дол”, како со возила (џипови) пренесуваат огревни дрва без потребните документи.Одземени им се две возила, дрвата и исто толку моторни пили и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци по член 226 од Кривичниот законик за „пустошење на шума”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…
Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…
Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
139 деца на педијатрија за 48 часа…
Високите температури кои преовладуваат во последните денови…