Приведени командир, заменик и осум полицајци вчера на Табановце, се сомничат за земање мито
При големата вчерашна акција на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, вчера биле уапсени еден командир, заменик командир и осумина полицајци, јавуваат домашните медиуми. Иако МВР официјално се чека да излезе со соопштение за настанот, дел од медиумите велат дека претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот.
Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците пак во исто време тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.
Натписите во медиумите говорат дека од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд, додека уапсените во исто време ја негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…