Приведени повеќе од 20 лица: Меѓу нив и поранешни директори на прилепската болница

t

Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, денес се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои, според информации на Скопје1, има поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница.

Од Обвинителството за Скопје1 потврдуваат дека акцијата се спроведува по нивни наредби и насоки и дека во моментов се преземаат истражни дејствија поврзани со злоупотреби во работењето на јавната здравствена установа во Прилеп.

„По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден,“ велат од Обвинителството, пренесе порталот.

Според првични информации, предметот се однесува на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби со јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.

-Ова е една од најголемите акции во последните години во здравствениот сектор во Прилеп, а јавноста очекува Обвинителството утре да објави детали за уапсените и за можните кривични дела што им се ставаат на товар, објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира да ги казнува возачите кои…

Италија набрзо би можела да ги санкционира…

Мирен протест против насилството по убиството на…

Мирен протест се одржува вечерва во паркот…

Хакиран мејлот на министерот за здравство на…

Необична честитка за неговиот роденден добил министерот…

Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема…

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша…

НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…

Народната банка на Србија (НБС) излезе со…