Објавено на:

Приведени седум лица во Скопје кај кои е пронајдена дрога

t

Полицијата лиши од слобода седум лица за поседување дрога, при контроли на концерт во објект во Карпош и во два угостителски објекта во Скопје.

-Кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Косово, биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронајдена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Контролата била спроведена од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…