ПРИВЕДЕНИ СЕ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ: Два дена со нож дивееле во ГТЦ
Полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје синоќа лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар, информира МВР.
Оттаму истакнуваат дека, лицата се сомничат за дело кое го сториле на 05 април околу 22 часот во Градски трговски центар каде физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје.
Исто така, информираа дека тие се сомничат за настан сторен на вчера околу 20 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…